Mercedes со награда за најиновативни камиони за 2021 година

ОБЈАВЕНО НА:

Меѓународното жири за избор на „Камион на годината“, ја додели наградата за најиновативни камиони за 2021 година на Mercedes-Benz. Станува збор за двата концепт камиони, едниот со електричен погон eActros, и вториот со погон на водорот, именуван како GenH2. Жирито се состои од 25 уредници и искусни новинари од областа на товарни возила.

Mercedes-Benz е првата фабрика во свет, која уште во 2016-та година претстави тешко товарно возило на електричен погон, наменето за транспорт во урбани средини.

Во 2018-та година, прототипот на eActros премиерно е прикажан, а предвидено е веќе во 2021-та година да почне и неговото сериско производство. Камионот ќе има досег од нешто над 200 километри.

Во септември 2020 година, Mercedes-Benz го претстави и концептот GenH2, со погон на водорот и досег од 1,000 километри, а неговото сериско производство е планирано во втората половина на оваа деценија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK