четврток, 25 декември, 2025 година

Mercedes разви “соларна боја” – обезбедува до 15.000 км дополнителен домет

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Една од најголемите предизвици кај електричните автомобили и понатаму е нивниот домет – односно времето што возачите мора да го поминат на полнач. Иако технологијата напредува, корисниците стануваат сè побарани, па дури и дополнителни 10 минути полнење за многумина се луксуз кој не можат да си го дозволат.

Како одговор на тоа, Mercedes разви иновативен проект – соларна боја, специјален премаз кој има потенцијал значително да го зголеми дометот на електричните возила.

- Advertisement -

Според најновите податоци, ваквиот премаз може да генерира повеќе од 14.000 км дополнителен домет годишно, како што е прикажано во симулации за услови во Пекинг. Тоа е повеќе од просечната годишна километража на еден возач.

Секако, резултатот важи за идеални услови и под претпоставка дека возилото се користи до 39 км дневно – во таков случај, соларната боја би генерирала доволно енергија за секојдневно возење.

Технологијата се базира на соларни ќелии со ефикасност од 20%, а инженерите на Mercedes велат дека успеале да постигнат стабилен напон од 800 волти, независно од нивото на наполнетост и состојбата на поединечните ќелии. Ова отвора нови можности за поголем домет, поефикасно двонасочно полнење и модуларни решенија при конструирање на идните EV модели.

Во рамки на истиот развоен правец, Mercedes работи и на иновативен систем за сопирање, кој нема да биде директно поврзан со тркалото, туку интегриран во затворен моторно-преносен модул.

Според брендот, новиот систем:
* е речиси без хабење
* не бара редовно одржување
* не рѓосува
* не емитува штетни честички
* не ја губи ефикасноста ниту при екстремни услови
* е потивок во работа и позитивно влијае врз дометот и енергетската ефикасност на возилото

Mercedes соработува и со Универзитетот Ватерло во Канада на развој на неуроморфно компјутерство, технологија која го имитира човечкиот начин на размислување. Ова може да ја направи AI-обработката значително побрза и поефикасна.

Благодарение на ова, идните безбедносни системи во возилата ќе можат:
* прецизно да препознаваат сообраќајни знаци и траки
* да реагираат побрзо во реално време, дури и при слаба видливост
*да бидат и до 10 пати поефикасни од актуелните решенија

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја