Mercedes ја удвојува електрификацијата со тоа што планира да ги претстави моделите AMG и Maybach со нула емисии, и постојано ќе се зголемува семејството на електрични модели. Големото инвестирање во зелените модели бара поголем буџет, така што Mercedes ги намалува трошоците каде и да има најмногу смисла.
Така рачниот менувач постепено ќе се отстранува од понудата на Mercedes. Тоа нема да се случи преку ноќ, но Маркус Шефер, шефот за истражување и развој на Mercedes им потврдил на новинари дека компанијата „ќе ги елиминира рачните менувачи“. Постепеното повлекување на педалата на куплунгот и рачката ќе влијае главно на Европа, а не на САД каде што менувањето со рачен менувач не е достапно од 2015 година.
Станува збор за дополнителни мерки за намалување на трошоците бидејќи Mercedes драстично ќе ги намали своите традиционални понуди на погонски агрегати. Брендот Daimler вели дека „инвестициите во развојот на мотори со внатрешно согорување брзо ќе се намалат“ како дел од поголемиот план за намалување на бројот на варијанти ICE за огромни 70 проценти до крајот на деценијата. Има прилично добри шанси дека дизел моторите се најранливи со оглед на построгите регулативи за емисии кои се применуваат во Европа.
Краткорочната цел е да се намалат фиксните трошоци за повеќе од 20 проценти до средината на деценијата кога Mercedes има за цел да ги намали трошоците за истражување и развој за повеќе од 20 проценти во споредба со 2019 година. Променливите трошоци, исто така, се проектира да се намалат за еден процент дотогаш во споредба со минатогодишните нивоа.