Производството на електрични автомобили комбинирано со напредните технологии и роботики се голем непријател на вработеноста. По најавите на Volkswagen, FCA, Toyota, Honda и Mercedes официјално објави дека ќе скрати 10.000 работни места до 2021 година.
Целта е да се намалат расходите за 6 милијарди долари, а потребата од намалуањето на работните места покрај од економски причини, произлегува и од технолошките причини. Така овој производител за исполнување на стратешкиот план за електрични возила имплементираше и дополнително ќе имплементира современа технологија за производство каде учеството на работната сила ќе биде минимално.
Главната улога во спроведувањето на овој план ќе има Ола Калениус, новиот извршен директор на Daimler кој ќе ја презема оваа функција од следниот месец.
Со целосното спроведување на оваа одлука, од германскиот производител се убедени дека ќе успеат да ја зголемат оперативната добивка која во последниот квартал минатата година се намали за 22%.