Mercedes одлучи, во 2039 годинa класичните мотори одат во историја

ОБЈАВЕНО НА:

Главниот директор за развој Mercedes, кој наскоро ќе стане претседател, Ола Калениус најави дека до 2039 година класичните мотори со внатрешно согорување ќе заминат во историја. Оваа компанија планира после 2039 година исклучиво да продава автомобили кои ќе бидат CO2 неутрални.

Во моментов нема коментари околу тоа во кој правец ќе се движи технологијата која ќе биде користена. За да се постигне целта на новата производна палета на моделот за 20 години, компанијата планира да продава само електрични автомобили (како моделот EQC 400 4MATIC, кој овие денови влезе во сериско производство) и возила со plug-in хибридни мотори. Покрај тоа мотори со внатрешно согорување во хибридните возила во иднина ќе се користат со помош на синтетички горива кои ќе се добиваат од обновливи извори на енергија, а затоа ќе бидат CO2 неутрални. Проблемот е во тоа што таквите горива уште не се достапни на пазарот.

Daimler вложува десет милијарди евра само во проширување на асортиманот на е-автомобилите. Оттаму произведувачот на автомобили продолжува да работи на автомобили со погон на горивни ќелии, како моделот Mercedes-Benz GLC F-CELL. Тие исто така можат да ги заменат моторите со внатрешно согорување.

Крајот на моторите со внатрешно согорување и преминување на електрични автомобили и plug-in хибриди не е во потполност доброволен во стратегијата на Mercedes 2039. Со оглед на размерно строгите ограничувања, Daimler е присилен да ги смали емисиите на штетни гласови на ниво на Европската унија. До 2021 година вредноста од 132 гр/км мора да биде смалена на 102 грама по километар, а до 2030 година за уште 37,5 проценти. Дотогаш 50 проценти на продадените автомобили во светот ќе бидат потполно електрични или опремени со  plug-in хибридни мотори.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK