Mercedes не сака државна помош

ОБЈАВЕНО НА:

Коронавирусот и кризата која ја предизвика опфати многу дејности. Една од најпогодените е автомобилската индустрија. Оттука, многу национални Влади прават планови за поддршка на оваа индустрија, а изненадувачки од Mercedes, за разлика од другите производители имаат различен став.

Првиот човек на овој германски производител Ола Калениус, за германскиот весник Handelsblatt изјави дека компанијата во моментов е во стабилна состојба и дека не им е потребна државна помош.

“На Daimler во моментов не му треба државна помош. Генерално гледано, индустријата имаше добри нарачки пред кризата” потенцираше Калениус. Тој потоа се осврна и на добавувачите на Mercedes за кои кажа дека се наоѓаат во стабилна состојба и како немаат проблеми со ликвидноста.

“Повеќето салони се повторно отворени” поентираше Калениус на прашањето за состојбата во Кина.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK