Идните сопственици на обновената верзија Mercedes-Maybach S-Class ќе имаат можност да ја користат новата функција на системот DIGITAL LIGHT на новите специјални HD фарови на своите автомобили, кои се во состојба да прожектираат снегулки на патот.
Благодарение на интегрираните камери и сензори на бордот на луксузоното возило, системот е во состојба да распознава различни услови на патот и да му упати уште едно предупредување на возачот со помош на симболи, кои DIGITAL LIGHT ќе ги прожектира на патот пред автомобилот.
Во моментов, DIGITAL LIGHT на Mercedes-Maybach S-Class поддржува приказ на две возачки ленти, регистрира изградба на патот, предупредувачка стрелка, пешаци, како и сообраќајни знаци како што што се лизгав пат, ограничување на брзината…