Mercedes користи рентген при краш тестовите

ОБЈАВЕНО НА:

Во насока да ги направи возилата што побезбедни, Mercedes Benz ќе користи и рентген при краш тестовите на автомобилите. На тој начин ќе можат да видат што се случува со одредени елементи под лимот од каросеријата.

Овој проект се развива во соработка со локални институти од Франбург, и се работи за подобрување на безбедноста пред доаѓањето на ерата на автономните возила. Ќе се обезбедат и фотографии со највисока можна резолуција за време на тестирањата.

Покрај користењето на рентген за подобрување на краш симулациите ќе се користат и дигитални модели на луѓе наместо сегашните кукли, а сѐ во насока на подобрување на безбедноста.

Ова користење на рентген не е новина во автомобилската индустрија, бидејќи Volkswagen уште во 2010 година ги испитуваше можностите на рентгенот, а Seat дури користеше и CT уреди за унапредување на одредени елементи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK