На саемот во Женева меѓу другите новитети на штандот на Mercedes ќе се покаже и моделот Mercedes Maybach G-Klasa 650. Она по што се разликува од другите е неговата цена – 500.000 долари.
Поради цената и ексклузивитетот производството ќе бидат ограничени на серија од само 99 возила. Возилото ќе има платнен покрив и V12 мотор.
Сигурно е дека овој автомобил ќе можат да си го дозволат само оние екстремно богати. Mercedes G-klasa има углед на одличен 4х4 теренец иако има коцкест облик, што сепак е него впрепознатлив изглед.
Во името се наоѓа и ознаката Landaulet што е историска ознака за најлуксузните изведби на генерацијата на S-klasa со можност за спуштање на кровот за задниот ред седишта. Maybach е ознака за најлускузните изведби на лимузините на Mercedes, купеа и кабриолети на основа на актуелната S класа
Кога сето ова ќе се спои во еден автомобил тогаш се добива она што го гледате на фотографиите. Тие можеби по грешка или пак намерно уште пред еден месец беа објавени на интернет, а сега истото возило ќе биде покажано во живо.
При пормоцијата ќе се објават и многу детали, а со сигурност се знае дека ќе има V12 мотор, кој треба да им аоколу 630 КС.Од стандардната верзија на G klasa се разликува по поинаку решената шасија која за оваа прилика е продолжена за да може патниците на задната клупа да добијат повеќе простор.