Германскиот производител Mercedes-Benz на 3 април со свечена церемонија ќе ја пушти во употреба новата фабрика во близина на Москва.
Изградбата на оваа фабрика започна во јуни 2017 година, а целата инвестиција изнесуваше околу 300 милиони евра.
На свечент церемонија покрај од локалната самоуправа учество ќе земе и германскиот министер за економија Петер Алтмајер како и неговиот руски колега. Руските медиуми пренесуваат дека министерите ќе го искористат овој настан и за билатерални преговори и подобрување на економската соработка помеѓу Русија и Германија.
Според првичните податоци, планираното годишно производство ќе изнесува од 25,000 до 30,000 возила, а во фабриката ќе работат нешто повеќе од 1,000 лица.