Mercedes инвестира во развој на електрични тротинети

ОБЈАВЕНО НА:

Последните неколку години автомобилските производители значително вложуваат во алтернативни форми на мобилност.

Велосипеди и електрични велосипеди, тротинети, дронови, летечки такси возила, ова се дел од полињата на кои последните години инвестираат Peugeot, BMW, Audi, Renault, Toyota… Сега, на сите овие производители се приклучува и Mercedes кој инвестира во електрични тротинети.

Daimler, компанијата во чија сопственост е Mercedes објави дека првите електрични тротинети ќе бидат лансирани на почетокот на следната година. При тоа, овој производител не откри повеќе информации околу автономијата, цените и пазарите каде ќе ги лансира, но се појавија информации дека ќе користи технологија изведена од актуелната елеектрична технологија која се применува и ќе се применува кај електричните автомобили на Mercedes.

Целната група на Mercedes ќе биде младата популација која патува на кратки растојанија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK