Во пресрет на премиерата закажана за 11 декември, Mercedes го објави официјалниот цртеж од новата генерација на SUV моделот GLA.
Со цртежот, германскиот производител го потврдува она што и се очекуваше околу изгледот на новата GLA. Досега објавените неофицијални рендери всушност го отсликуваат изгледот на серискиот модел.
Од претходно е познато дека новата генерација ќе се темели на MFA2 платформата која сега му обезбедува зголемена пространост благодарение на поголемото меѓуоскино растојание.
Инаку досега е претставена само една генерација на овој модел со три верзии: GLA-Class, GLA фејслифт и GLA 45 AMG. Производството и на новата, втора генерација ќе продолжи во Германија, Индија, Тајланд и Бразил.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]