Mercedes го има „камионот на годината“ – Actros

ОБЈАВЕНО НА:

Специјализирани новинари од медиумите за следење на комерцијални возила од 24 европски држави го изгласаа Mercedes-Benz Actros за „Камион на годината за 2020 година“. Ова е досега 5-та титула воопшто за овој модел, а успешната приказна започна пред повеќе од 20 години, во 1997-та година, кога беше промовирана првата генерација на Actros.

Со вкупно 9 победи, Mercedes-Benz е науспешниот бренд во однос на конкуренцијата во трката за признанија при избор на најдобри камиони. Инаку, гласањето на меѓународното жири за избор на „Камион на годината“ е врз основа на постигнатиот развој на иновативните технологии.

Инаку, поголемиот дел од иновациите на Mercedes-Benz се развиени со цел да се постигне напреден начин на користење од страна на возачите и општеството во целина. Тоа се однесува на безбедноста, ефикасноста и удобноста, што вклучуваат мноштво опции како на пример, мултимедијалниот кокпит, ретровизори-камери кои се наместо надворешните ретровизори, делумно автоматско управување со Active Drive Assist или дополнителните системи за безбедност и др.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK