Мercedes ги навреди Кинезите со реклама

ОБЈАВЕНО НА:

Кампањата за рекламирање на својот автомобил во Кина oчигледно не беше најдобра за Mercedes-Benz бидејќи според информациите Кинезите се чувствуваат навредени. Германците на Инстаграм објавиле фотографија на еден од своите автомобили со цитат од духовниот водач од Тибет, Далај Лама кого Кинезите го сметаат како сепаратист.

Мercedes веднаш им се извини на сите Кинези и брзо после тоа го тргна спорниот цитат. Сепак, допрва ќе се види како тоа ќе се одрази на испорачувањето на автомобили од германскиот производител бидејќи Кинезите се многу чувствителни на „политичките“ грешки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK