Mercedes е бренд бр. 1 што најмногу повикувал возила на сервис!

ОБЈАВЕНО НА:

И новите возила знаат да (се расипат) бидат повикани повторно на сервис, а последниве три години лидер по бројот на повикувања на дополнителен сервис во Европа е Mercedes. Овој германски производител во 56 случаеви издал повик за доаѓање во сервис на неговите возила со цел да биде отстранет некој проблем. Она што е интересно тој број се зголемувал во последниве три години.

Почнувајќи од 2017 кога имало 28 повици за 20 модели, па во 2018 година имало 36 повици кај 17 модели. Зголемувањето на бројот на повици за доаѓање во сервис продолжило и во 2019 година, и тоа во 56 случаеви и биле опфатени 19 модели.

Податоците се засноваат на анализа на Неделниот преглед на известувањата RAPEX издадени од Генералниот директорат за здравство и заштита на потрошувачите на Европската комисија.

Како што е прикажано на табелата подолу, најмногу потсетувања за сервис има пријавено во 2019 година од страна на Mercedes-Benz (56), а потоа следат два француски бренда Citroеn (25) и Peugeot (23). Во првите десет, можеме да ги видиме и Audi (19), BMW и Opel (18), Volkwagen (17), Ford (15), Renault и Toyota (14). Повеќе од 10 потсетувања за одење во сервис биле најавени од 15 производители на автомобили.

Во 2019 година, покана за сервис имало за 299 модели од 42 марки. Во споредба со 2018 година, има зголемување на бројот на повлекувања (288/380), погодени модели (239/299) и вклучени брендови (39/42). Системот Rapex регистрира само опасни безбедносни, здравствени и еколошки опасности.

Најчеста причина за сервис во 2019 година биле: воздушни перничиња (144), мотор (134), суспензија (65), сопирачки (49) и управување (35). Поради опасност од пожар имало дополнителни 116 нови повикувања.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK