Mercedes добива споменик во Хрватска

ОБЈАВЕНО НА:

Интересна вест доаѓа од Хрватска – жителите на градот Имотски, лоциран во југот на Хрватска ќе подигнат споменик на Mercedes, пренесуваат повеќето хрватски медиуми. Во овој град според последниот попис живеат 10.764 жители, а околу половина од приближно регистрираните 16 илјади автомобили во овој град се од брендот на Mercedes.

Тоа е и причината зошто жителите на овој град покренаа петиција за подигање на споменик во чест на германскиот произзводител.

Иницијаторот за подигнувањето на овој споменик, Иван Топиќ Нота изјави дека многу од нив покрај тоа што возат Mercedes истовремено и чуваат во своите гаражи. Тој се пофали дека во своите неколку гаражи “крие” дури 13 олдтајмери од овој бренд, а четири од нив се регистрирани и оспособени за возење.

Според замислата, овој споменик треба да биде изграден од камен и ќе го претставува моделот 115 на Mercedes, најпопуларниот модел на Mercedes во овој дел од Хрватска.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK