2016, Mercedes-AMG C 63 S Coupé, C205

Mercedes C-Class во хибридно издание

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes-Benz ги претстави обновените верзии на купето и кабриолетот на C-Class. Моделите имаат ново умерено-хибридно придвижување, дигитална инструмент табла и асистирачки системи за сигурност на лимузината S-Class.

C-Class со две врати е првиот Mercedes, кој ќе има 1,5 литарски мотор на бензин со четири цилиндри и со моќност од 184 коњски сили и 180 Nm вртежен момент. Моторот работи заедно со 48-волтна батерија и генератор EQ Boost.

Електричниот систем може да додаде дополнителни 14 коњски сили во случаите кога тоа ќе е неопходно, а до 100 км/ч хибридот може да забрза за 7,9 секунди.

Топ верзијата Mercedes-Benz C43 AMG Coupe е опремена со 3 литарски турбо V6 мотор на бензин. Моќноста е зголемена до 390 коњски сили, а со овој мотор автомобилот забрзува до 100 км/ч за 4,7 секунди.

Модернизираната C-Class е опремена со најновата LED оптика во стилот на Е-Class, која ќе биде на располагање уште во основната верзија. Внатре освен дигиталниот прибор ќе има можност да се добие и различен волан.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK