Дел од автомобилите произведени во периодот од 13 септември 2018 и 6 ноември 2019 година имаат проблеми со сопирачките и се повикани во сервис за отстранување на истиот. Се работи за моделот Mercedes Benz C-Class.
Во објаснувањето за проблемот се вели дека „Дисковите на сопирачките инсталирани на предната оска може да бидат премногу мали (во дијаметар и дебелина) и не лежат симетрично во сопирачките“
„Како резултат на тоа, поставата на сопирачката може да се истроши и може да се формира јаз помеѓу клипот и заптивниот прстен, дозволувајќи истекување на течноста за сопирачките. Ова ќе ги наруши перформансите на сопирањето, зголемувајќи го ризикот од несреќа.“
Извор: Rapex Alert 26/2020 A12/00902/20