Раководните лица на Mercedes-Benz со гордост објавија дека во првите три месеци од 2019 година низ целиост свет успеаја да продадат 560.873 возила.
Најголемиот хит на пазарот е Mercedes-Benz A-klasа која бележи пораст на продажбата од дури 25,6 проценти. Ова е трета година по ред како Германците успеваат во првиот квартал да ја надминат бројката од 550.000 автомобили, но во следните месеци се очекува дополнителен пораст на побарувачката на крилата на новиот Mercedes-Benz B-klasа, како и унапредување на моделите од GLC и GLC Croup, кои во продажба доаѓаат на крајот на мај.
Во соопштението за медиумите раководството истакна големо задоволство од фактот дека најпродаваните премиум брендови се во: Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Швајцарија, Шведска, Португалија, Полска, Данска, Австралија, Канада, Бразил…