Mercedes-Benz со пад од 15% во продажбите за првиот квартал

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Mercedes-Benz објави дека по завршувње на првите три месеци од 2020 година, брендот има забележано пад во продажбите на глобално ниво од 14,9 проценти до ниво од 477.378 автомобили.

Во текот на првата четвртина од 2020 година, Mercedes-Benz забележа пад од 15,9% во продажбите во Европа (188.963 примероци), додека во Германија падот е со 8,8% до 64.332 примероци.

На главниот пазар во Кина, Mercedes-Benz забележа 138.960 продажби, што е за 20,3% помалку во однос на истиот период од минатата година. Резултатот во САД е 67.746 примероци или за 4,8% помалку во споредба со првата четвртина од 2019 година.

Одделението smart, пак, забележа пад од 78,3% во реализацијата на истиот период, додека општиот резултат на брендот е на ниво од 5.863 возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK