Mercedes-Benz повторно е највреден луксузен автомобилски бренд за 2020

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes-Benz уште еднаш го доби признанието за еден од најпосакуваните брендови во светот и е единствената европска компанија во Топ-10

Според рангирањето на американската консултантска куќа, Интербренд, Mercedes-Benz е рангиран на 8-то место, во конкуренција на сите светски брендови воопшто, и најдобар меѓу луксузните автомобилски марки. Неговата вредност е проценета на нешто повеќе од 49 милијарди американски долари со што е единствена европска компанија што се најде во првите 10.

Четврта година по ред германската компанија го добива ова признание.
„Клучот на нашиот успех се должи на постојаното фокусирање на потребите на купувачите, за кого и создаваме исклучителни производи. Mercedes-Benz секогаш комбинира високо ниво на иновации со желба да понуди уникатно искуство на луксузна мобилност“, изјави Бетина Фицер заменик претседател за маркетинг во Mercedes Benz.

Брендот Mercedes-Benz секогаш комбинираше високо ниво на иновација со желба да им понуди на клиентите уникатно и непогрешливо искуство со мобилност во луксузната класа. Затоа, не само што сите производи и услуги на Mercedes носат акумулирано знаење на компанијата во нив, туку и нешто друго што е цврсто закотвено во ДНК-то на компанијата, и аспирацијата да ја отелотвори фасцинацијата на модерниот луксуз.

Овој момент, обележан со пандемијата COVID-19, јасно докажува дека успешните брендови се потрајни од кога било, дури и во бурни времиња. Нивниот јасен став пренесува доверба и доследност, зајакнувајќи ги долгорочните врски помеѓу клиентот и брендот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK