Mercedes-Benz ќе нуди поголема интелигенција за нивните возила

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Mercedes-Benz сака да го направи следниот чекор во иднината на автомобилите. За таа цел производителот на автомобили влезе во соработка со американскаа компанија Nvidia.

Од 2024 година целиот автопарк во Штутгарт треба да се заснова на вештачка интелигенција на компјутерите на новиот партнер за да бидат одобрени превозните средства од новата генерација со модернизирани, автоматизирани функции за возење.

Софтверот веќе игра клучна улога во автомобилската индустрија, вели шефот на автомобилскиот бизнис на Nvidia, Дани Шапиро. „Тоа е софтвер, кој може да ги направи производите подобри и подобри“, коментира Шапиро.
Независно од моделната класа и функционалниот пакет, купен од клиентите, автомобилскиот компјутер на Nvidia „Орин“ треба да биде инсталиран во сите автомобили на Mercedes.

Целта на планираната соработка е да се развие една од најинтелигентните и усовршени компјутерски ахритектури во автомобилската индустрија во сите серии на Mercedes-Benz, соопштија од Штутгарт.

Постојат и други апликации за безбедност и удобност. Идејата е клиентите да можат да купуваат и да додаваат софтверски апликации и услуги за претплата преку ажурирања на воздухот во текот на целиот животен циклус на автомобилот.

Фокусот на новиот систем ќе биде ставен на безбедноста. Со развојот на технологијата и постоењето на релевантна правна рамка, секоја автомобил треба да може да добие автоматски функции за возење преку ажурирања „преку воздух“, а на ист начин ќе се нудат и функции за безбедност и удобност.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK