Mercedes-Benz го продава музејскиот експонат SLR McLaren

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од 150 произведни роудстери Mercedes-Benz SLR McLaren 722 S си бара нов сопствени, а сумата за која некој ќе може да го купи е 1.240.000 евра. Во моментов суперавтомобилот произведен во 2009 година се наоѓа во музејот на брендот во Штутгарт, но наскоро сигурно ќе има друго место за паркирање.

Mercedes-Benz SLR McLaren 722 S Roadster е дело на заедничка работа на германскиот производител и британската компанија McLaren.

Опремен е со 5.5-литарски компресорен V8, кој развива 650 коњски сили и има вртежен момент од 820 Нм. Забрзувањето од 0 до 100 трае 3.8 секунди, а максималната брзина е 335 км/ч.

Предложениот за продажба SLR McLaren 722 S има поминато 25.800 км, а нема информација за причината поради која е донесено решение за продажба на ова возило-експонат.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK