Mercedes-Benz E-Klasse Coupe е геј-автомобил на годината

ОБЈАВЕНО НА:

Француската организација Legorda во која членуваат хомосексуалните вљубеници во автомобилите го избра Mercedes-Benz E-Klasse Coupe (C238) za „Геј-автомобил на 2018“ година. Овој конкурс се спроведува од 2005 година, а во него учествуваат автомобили коишто се појавуваат во текот на една календарска година односно од 1 јануари до 31 декември.

Главната дејност на Ledorga е да организира средби меѓу љубителите на автомобили  и вљубениците во класичните коли со нетрадиционална сексуална ориентација во Европа. Победникот на конкурсот European Gay Car of the Year се определува со просто мнозинство од гласачите.

Досегашните победници на припадниците на геј-заедницата беа: Fiat 124 Spider (2017), Mazda MX-5 (2016), Ford Mustang (2015), Citroen DS3 Cabrio (2014), Mini Roadster (2013), Citroen DS4 (2012), Peugeot RCZ (2011), Fiat 500C (2010), Alfa Romeo MiTo (2009), Fiat 500 (2008), Alfa Romeo Spider (2007), Aston Martin DB9 Volante (2006) и Mini (2005).

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK