Mercedes AMG GT концепт – одговор на Porsche Panamera

ОБЈАВЕНО НА:

Краткото видео што Mercedes го објави за новиот AMG GT Concept а треба да се покаже на саемот во Женева, е всушност најава за спортскиот автомобил со четири врати.
Покрај ова тизер видео и некои цртежи, од Mercedes нема други информации за студијата.

Во видеото што трае 14 секунди се прикажуваат одредени детали, широката решетка на ладилникот што е слична како онаа кај моделите со две врати. Задните ЛЕД светла се со футуристички изглед, а камерите што се свртени назад ги заменуваат традиционалните странични ретровизори. Големата издувна цевка е поставена на среднишниот дел на задниот браник.

Овој модел треба да им се приклучи на веќе постоечките GT Coupe и Roadster. Наводно ќе го носи името GТ4. Целта на компанијата е да ги задоволи барањата на купувачите што сакаат автомобил со високи перформанси, но исто така имаат потреба и од задна клупа за превоз на пријатели и семејство.

GT треба да биде одговор на Porsche Panamera. Продукциската верзија би моќело да ја покренува 4.0 литарски битурбо V8 мотор од Gt Coupe и Roadster.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK