Mercedes AMG GT Black Series – до „стотка“ за 3 секунди (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Германски Mercedes ја претстави најновата и најекстремна верзија во историјата на компанијата, моделот Mercedes AMG GT Black Series.

Доволно е да се спомене дека моделот доаѓа со повеќе аеродиманички подобрувања, со 4 литарски В8 битурбо мотор. Максималната сила му е 730 КС во опсег од 6700 до 6900 вртежи во минута.

Со максималниот вртежен момент од 800 Нм. достапни од 2000 до 6000 вртежи во минута, овој суперспортски автомобил кој има модифициран 7 степен роботизиран AMG SPEEDSHIFT DCT 7G и систем на сите тркала може да забрза до 100 км/ч. за 3,2 секунид. А за помалку од 9 секунди може да стигне до максималната брзина од 325 км/ч.

За оние клиенти кои бараат нешто повеќе, компанијата нуди дополнителен пакет АМГ Track, кој вклучува дополнителна сигурност на ентериерот со кафез од титаниумска цевка, сигурносни појаси со четири точки и противпожарен апарат.

Но, за ваков модел не се пишува, треба да се доживее, или едноставно да се види… Погледнете го видеото од новиот ѕвер на Mercedes.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK