Mercedes А класа добива нови дизелски мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Иако се повеќе авто производители се откажуваат од дизелските агрегати, германскиот производител Mercedes не само што не планира да се откаже туку во понудата воведува и нови.

Така, последната генерација на А класата како што и се најавуваше доби нови два дизелски агрегати. Првиот мотор вграден кај A200d ќе располага со 2000 см3, а ќе продуцира моќност од 150 КС и 320 Nm. Според информациите, до 100-ка ќе забрзува за 8,1 секунда додека максималната брзина ќе изнесува 220 км/ч.

Вториот мотор ќе биде дел од изведбата А220d кој ќе биде исто така 2.0 литарски, но за 40 КС помоќен и ќе располага со 190 КС и 400 Nm. Забрзувањето до 100ка ќе изнесува 7 секунди додека максималната брзина која ќе може да ја постигне изнесува 235 км/ч.

Двата моделски изведби ќе бидат достапни со автоматски осмобрзински менувач, а почетната цена за A200d изнесува 33.659 евра додека за моделот A220d 36.640 евра во Германија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK