Менаџерот на Volkswagen отпуштен поради мајмуни!

ОБЈАВЕНО НА:

Директорот за надворешни контакти во Volkswagen Томас Штег се прости со својата позиција поради скандалот со експерименти со мајмуни, кој се случи на крајот од минатата недела. Шефот на компанијата Матијас Милер ја прифатил оставката на Штег, кој одлучил да ја прими целата одговорност на својот грб за експериментите со мајмукините.

Внатрешната истрага за скандалот почнала по преписка по електронска пошта од која било заклучено дека Штег бил информиран за експериментите со животни направени во мај во 2013 година. Целта на тестирањата била да биде демантирано тврдењето на Светската здравствена организација дека од издувните гасови на дизел моторите може да биде предизвикан рак.

Во интервју за Bild, Штег тврди дека експериментите одговарале на меѓународните научни стандарди и биле одобрени од Комисијата за етика на САД. За време на испитувањето 10 мајмуни биле набљудувани во просторија во која биле испуштани издувни гасови од дизел мотори додека гледале анимациски филмови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK