Менаџерите продавале одлично, а сепак Peugeot ги отпушти

ОБЈАВЕНО НА:

PSA групацијата отпушти тројца од топ менаџерите во Германија откако со продажната кампања продале илјадници Peugeot 208 автомобили со попуст поголем од 40 проценти.

Во соработка со Sixt Leasing и Интернет провајдерот 1&1, Peugeot ги понудил 208 субкомпактните возила за месечна лизинг рата од само 99 евра, што се покажало дека е далеку поуспешна понуда отколку што очекувале. Наместо планираните 300 возила, преку кампањата на лизинг се продадени околу 5000 автомобили под многу великодушни услови, кои вклучуваат и платено комплетно осигурување и и платен данок за патишта.

Ова предизвика критики од дилерите на автомобили во Германија кои не сакаа да дадат конкурентна понуда, со оглед на загубата која PSA ја претрпе со понудата.

Продажбата на 5000 возила е речиси двојно поголема од бројот на 208 продадени во Германија во првото тромесечие од годинава. Односно, во првиот квартал од овој модел регистрирани се 2,749 возила.
PSA предвреме ја повлече понудата и онформираше дека тројца менаџери итно ќе ја напуштат компанијата.

„Додека испразнетите позиции да се пополнат, за задолженијата ќе се грижи Алберик Шопелин, генерален директор за Peugeot, Citroen I DS брендовите во Германија“, информираа од PSA.

Во првите три месеци бројот на Peugeot возила регистрирани во Германија се зголеми за речиси 20 проценти на 15,122 автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK