Менаџер на BMW е нов директор на Audi?

ОБЈАВЕНО НА:

Член на Управниот одбор на BMW, Маркус Дузман најверојатно ќе биде новиот генерален директор на Audi. Тој би требало да дојде на местото на уапсениот и отранет директор, Руперт Штадлер.

Ваквата информација станува сè поверојатна после соопштението кое беше објавено од страна на Надзорниот одбор на VAG. Тие велат дека донеле одлука да го предложат Дузман за нов директор и тоа треба да се случи во брзо време.

Маркус Дузман има договор со BMW до оваа есен. Во договорот е вклучена клаузула, која му забранува да работи за конкуренцијата. Менаџерот доаѓа во BMW во 2007 година, а претходно бил шеф за развојна дејност во тимот на Mercedes во Формула 1.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK