Giant Motors, производител на автомобили што е делумно во сопственост и на мексиканскиот богаташ Карлос Слим, развива прототип на електрично такси возило што треба да ги замени класичните возилата и на тој начин да се намали загадувањето на воздухот во мексиканската престолнина. Во моментов во Мексико има околу 130.000 регистрирани такси возила.
Четири универзитети во Мексико заедно со Moldex, производителот на автомобили планираат да произведат возила што треба да придонесат за намалување на загадувањето. Сега се развиваат протоиповите и таа фаза би требало да се заврши до крајот на годинава, по што ќе се одбере решението – електрично возило што вистински може да ги замени возилата на класичен погон со внатрешно согорување.
Поради големото загадување на воздухот во Мексико често властите издаваат здравствени прпеораки и се обидуваат со разни мерки да го намалат автомобилскиот сообраќај. Во моментов во Мексико сити има 5,4 милиони возила.
Во декември 2016 година, градоначалникот на Мексико сити се придружи на иницијативата на градовите Парис, Мадрид и Атина кои до 2025 година треба да ги забранат дизелските мотороти во овоие градови. Мексико сити е еден од најзагдените градови во светот особено според високото ниво на сулфур диоксид, нитроген оксид и карбон моноскид.
Особен предизвик е сообраќајот на такси возилата, бидејќи тие често кружат празни во потрага по патници.
Moldex се обидува да развие електрично такси на батерии што брзо ќе се полни, и долго ќе трае.
Минатите ггодини Giant Motors и Moldex развле и продале 500 лесно доставни камиони кои можат да превезуваат товар до еден тон. Токму то аискуство ги поттикнало да почнат да развиваат сличен план и со такси возилата.