Мексиканскиот картел користел нови возила Ford Fusion за криумчарење „трева“ во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе од 500 кг. марихуана биле најдени скриени во најмалку 22 возила Ford Fusion произведени во Мексико за криумчарење во САД. Ова било откриено од страна на полоцијата во Сент Пол откако нашле наркотични средства во едно возило на Ford Fusion и еден Lincoln MKZ на железничка линија во насока на Сент Пол, Минесота.

Според извештаите на локалната полиција, изведувачи на железницата го откриле ова додека вршеле инспекција на возилата. Вкупно 40 кг. марихуана биле најдени скриени во делот за резервното тркало.

Полицијата дополнително откриле уште 13 возила Ford Fusion на истиот вагон каде биле автомобилите и биле наменети за дилерската мрежа во Минесота и Висонсин. Едно возило било наменето и испораќано на 86 годишен маж, а три за рент а кар компанија во Минеаполис.

Се верува дека мексиканскиот картел бил вклучен во овој трансфер на дрога и дека тие и ја контролираат фабриката на Ford во Мексико.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK