Меѓу првите: Новиот KIA CEED достапен за македонските купувачи

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот KIA CEED пристигна во салонот на Киа Моторс Македонија во Скопје и е веќе достапен за македонската публика! Со пристигнувањето на новиот CEED, се комплетира гамата на KIA Motors со долгоочекуваниот нов модел од Ц-сегментот.

Новиот CEED е надграден на новата платформа K2, а имаме и промена на димензиите: возилото е 2 сантиметри пошироко и 2,3 сантиметри пониско. Должината на меѓуоскиното растојание останува непроменета – 2.650 милиметри. Волуменот на багажникот е зголемен за 15 литри и сега изнесува одлични 395 литри.

Моторната гама на новиот CEED почнува од 1.0-литарскиот турбо агрегат со 120 коњски сили, а во бензинската понуда е вклучен и мотор со зафатнина 1.4 литри – атмосферски и турбо, со моќност од 100 и 140 коњски сили.

Ќе се нуди и 1.6-литарски турбодизел со моќност од 136 коњски сили и ги задоволува EURO 6d стандардите. KIA ќе ги нуди моторите во спрега со 6-брзински мануелен менувач или со 7-степен роботизиран со две спојки.

Новот KIA CEED е „технолошкиот исчекор” на KIA Motors во сегментот, а опремата вклучува адаптивна контрола на крстарење, управување на дел од функциите на автомобилот преку паметен телефон, JBL аудио, мултимедијален систем со три различни по големина на дисплеи, како и електронски системи за асистенција, кои го следат движењето во лента, во мртва зона, во прегледот на возачот и помагаат при паркирање и излез од паркинг.

Новиот модел можете да го видите и пробате во салонот на Киа Моторс Македонија во Скопје.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK