McLaren најави 18 нови суперавтомобили до 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

Произведувачот на суперавтомобили од Велика Британија, McLaren се подготвува за производствена офанзива, а како што пренесуваат медиумите од островот најавено е лансирање на дури 18 нови модели до 2025 година. Сето ова ќе биде во рамки на инвестиции од 1,35 милијарди евра.

Новиот план се нарекува “Track25” и е проширување на актуелниот план “Track22” кој беше претставен во Женева во 2016 година. Оригиналната стратегија не го вклучуваше наследникот на легендарниот Р1 хиперавтомобил, која во рамки на “Track25” има главна улога кај произведувачот.

Ќе има хибриден погон, а од McLaren најавуваат дека целата линија на спортски и суперавтомобили ќе бидат електрифицирани пред 2025 година. Во моментов McLaren работи на развојот на лесен, повеќеефикасен батериски систем со супер полнење за возила со високи перформанси.

Воедно компанијата работи и на развој на целосно електричен хиперавтомобил, за кој директорот на McLaren, Мајк Флевит, пред две години рече дека ова ќе биде „највозбудливиот спортски автомобил кој некогаш бил направен“.

Во прашање е тросед со кодно име BP23. Покрај овој модел планот ја вклучува и спортската серија: 570S, 570GT и 600LT, како и Супер серијата 720S, а сите ќе бидат електрифицирани со хибриден погон како стандардна верзија.

McLaren предвидува дека вака ќе ја зголеми продуктивноста на компанијата за дури 75%, а целта е да се произведуваат 6.000 возила годишно до средината на 2020 година. Инаку, сите возила ќе се произведуваат во фабриката во Вокинг.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK