McLaren GT премиерно на 15. мај

ОБЈАВЕНО НА:

Уште на почетокот на годината McLaren објави дека годинава ќе претстави целосно нов модел, не прецизирајќи при тоа никакви информации.

Сега, британскиот производител со објавување на тизер фотографија и кратко видео објави дека премиерата на овој модел именуван како GT (Grand Tourer) ќе се случи на 15 мај на специјално организиран настан.

Иако нема официјални податоци околу техничките карактеристики се шпекулира дека овој модел ќе располага со 3.8 литарски twin-turbo V8 мотор кој ќе продуцира околу 570 КС. Тоа значи дека ќе има идентичен мотор како и моделот 570GT. Од другите (не)официјални податоци, овој модел ќе има најлесна каросерија од сите во понудата на британскиот производител, а со тоа и најдобар однос помеѓу моќта/тежината.

Во производство ќе влезе кон крајот на ова лето, а веќе кон крајот на оваа есен ќе бидат испорачани и првите примероци. Се очекува продажната цена да изнесува околу 170 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK