Во пресрет на почетокот на новата сезона во Формула 1 натпреварувањето, британскиот Формула 1 тим, McLaren го претстави болидот за претстојната сезона именуван како MCL35M.
На он-лајн премиерата присуствуваа и двата возачи, британецот Ландо Норис и австралиецот Даниел Рикиардо. Новиот болид е инспириран и визуелно многу сличен со болидот MCL35 кој McLaren го користеше минатата сезона.
Најкрупната промена е префрлувањето на погонската единица на Mercedes која тимот ја користи за прв пат по 2014 година. Токму овој тим е единствениот кој во новата сезона ја менува погонската единица.
Инаку новата сезона стартува на 28 март со трката која е закажана во Бахреин. Сезонава, ќе се возат 23 трки, а шампионатот завршува на 12 декември со трката во Абу Даби.