Тимот на McLaren е единствениот во Формула 1 кој гласаше против задржување на големиот капак за моторот кој е познат како „перка од ајкула“. Oд McLaren сакаат воведување на помала верзија на елементот кој е во прашање, но од ФИА најверојатно нема да го одобрат истото бидејќи тие се приврзаници на истата со оглед на тоа што на неа може да се nапише бројот и името на пилотот со поголем фонт.
Главно имаше договор меѓу тимовите за правилата за 2018 според кои се гради дизајнот на болитот, но од McLaren ставија вето на „перката“ со оглед на тоа што за нешто да се смени мора да има целосна поддршка од сите.
Проблемите доаѓаат во тоа што некои тимови веќе го имаат развиено дизајнот кој вклучува поголем капак на моторот. Ерик Булие вели дека МcLaren ги следи своите интереси и во тоа нема ништо чудно.