McLaren Artura крева 200 км/ч за 8,3 секунди (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Светската премиера на целосно новата понуда на пазарот Artura на McLaren ветува да понуди целосно нова димензија на динамика во портфолиото на легендарниот бренд. McLaren Artura е првиот автомобил на компанијата, кој е опремен со високотехнолошкиот HPH (High-Performance Hybrid) хибриден погонски систем, како и првиот што ја користи новата MCLA (McLaren Carbon Lightweight Architecture) карбонска архитектура на купето, во кое алуминиумот исто така има сериозна улога.

Погонскиот систем на Artura е составен од целосно новиот трилитарски V-образен, шестцилиндричен бензински мотор, кој е комбиниран со електромотор, нов осумстепен менувач и батериски блок. Вкупната максимална моќност на новиот суперспортски автомобил на McLaren е 680 коњски сили, а максималниот вртежен момент достигнува 720 Нм.

McLaren Artura

McLaren Artura е првиот автомобил на компанијта, кој е опремен со високотехнолошкиот HPH (High-Performance Hybrid) хибриден погонски систем, како и првиот што ја користи новата MCLA (McLaren Carbon Lightweight Architecture) карбонска архитектура на купето, во кое алуминиумот исто така има сериозна улога.Погонскиот систем на Artura е составен од целосно новиот трилитарски V-образен, шестцилиндричен бензинов мотор, кој е комбиниран со електромотор, нов осумстепен менувач и батериски блок. Вкупната максимална моќност на новиот суперспортски автомобил на McLaren е 680 коњски сили, а максималниот вртежен момент достигнува 720 Нм.

Од McLaren велат дека електричниот мотор на Artura, кој е со моќност од 95 коњски сили ветува вртежен момент од 225 Нм е меѓу основните причини автомобилот да биде најдобрата понуда на компанијата во однос на реакцијата на педалот за гас.

Новиот модел ветува можност за забрзувње од 0 до 100 км/ч за три секунди, од 0 до 200 км/ч за 8,3 секунди, а границата од 300 км/ч се достигнува за 21,5 секунди.

Artura се претвора и во најекономичниот автомобил на McLaren, а доаѓа со автономија во чист електричен режим до 30 километри. Основната цена на McLaren Artura, кој ќе се нуди на четири основни нивоа на изведба е утврдена на 185.500 фунти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK