На фанатиците на автомобилизмот никогаш не им е досадно, особено ако имаат малку повеќе ресурси. Вистински доказ за тоа е жител на Кина кој успеа да создаде нов автомобил “Mazderati”.
Како што пренесуваат кинеските медиуми, фанатикот го искористил својот автомобил Mazda CX-4 и со дополнителни естетски измени чија инспирација доаѓа од Maserati Levante успеал да направи нов автомобил, спој на Levante и CX-4.
Во однос на мотористиката и внатрешноста истата е останата оригинална т.е. од Mazda CX-4.
Во Кина моделот Levante се продава по почетна цена од 136.000 американски долари додека CX-4 по цена од 21 илјади долари. Оттука доколку сакате да возите поскап и престижен автомобил, а немате пари тогаш следете го примерот на овој Кинез.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]