Mazda со знак на Toyota – дебитира новиот Yaris!

ОБЈАВЕНО НА:

На претстојниот саем за автомобили во Њујорк јапонскиот производител Toyota ќе ја претстави новата, четврта генерација од моделот Yaris.

Автомобилските критичари беа негативно изненадени откако на интернет се пласираа првите официјални фотографии од новата генерација. Причината за тоа е повеќе очигледна и се огледа во тоа дека станува збор буквално за Mazda 2 кој е само со знакот на Toyota и натписот Yaris.

Со благи измени на предниот дел, задниот дел и внатрешноста се буквално исти како и најмалиот модел на Mazda. Идентични се и димензиите, а во споредба со актуелната генерација која е претставена во 2013 година оваа доаѓа со подолго меѓуоскино растојание од 6,1 см и 450 литри максимален багажен простор.

Под хаубата се доаѓа со стандардниот 1.5 литарски бензински мотор со 106 КС, додека во внатрешноста централно место зџазема 7 инчниот инфотејнмент систем со Android Auto и Apple CarPlay.

Комерцијализацијата доаѓа оваа година, а цената засега не е откриена.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK