Европскиот дел од Mazda објави дека верзијата за 2019 година со амблемот MX-5 ќе биде пуштена во продажба во август, а ќе понуди освежен дизајн и слична техничка основа.
И двете основни верзии на Mazda MX-5 ќе се појават на пазарот со оптимизирана дигитална понуда, нови системи за зголемување на безбедноста, освежената стилистика и зголемената опрема.
Од Mazda велат дека бензин верзиите 1.5 и 2.0 литри SKYACTIV-G на MX-5 2019, кои одговараат на стандардот Euro 6d, ќе им понудат на идните сопственици подобрена реакција при додавање на гас, додека дволитарската модификација доаѓа со зголемена максимална моќност до 184 коњски сили и максимален вртежен момент до 205 Нм.
Во опремата на Mazda MX-5 2019 се вклучени неколку нови системи за зголемување на безбедноста, а во тие рамки се и сопирачкиот асистент за избегнување на судир со друго превозно средство или пешаци при движење низ град, систем за распознавање на патни знаци, камера за гледање назад, распознавање на сонливост на возачот и друго.
MX-5 2019 доаѓа со нови темни 16 и 17 цолови бандажи, нов кафеаво мек таван и други.