Mazda и Kia се финалистите за „Светски автомобил на годината“

ОБЈАВЕНО НА:

Организаторите на изборот на „Светски автомобил на годината“ ги објавија имињата на трите модели кои стигнаа до последната фаза од трката. Интересно е дека меѓу трите финалисти има две возила на Mazda, и едно на Киа.

Во главната категорија – “Светски автомобил на годината 2020 година, трите номинирани автомобили се: Kia Telluride, Mazda CX-30 и Mazda 3.

Во поткатегоријата “Светски градски автомобил на годината”, трите финалисти се: Kia Soul EVs, Mini Electric и Volkswagen T-Cross.

Кај луксузните возила за признанието ќе се борат: Mercedes Benz EQC, Porsche 911 и Porsche Taycan.
Изборот кај спортски возила се состои од Porsche 718 Spyder / Cayman GT4, Porsche 911 и Porsche Taycan.

Претенденти за nаградата за светски автомобилски дизајн во 2020 година се: Mazda 3, Peugeot 208 и Porsche Taycan.

Победниците од секоја категорија ќе бидат објавени на 8 април на меѓународниот саем во Њујорк.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK