Mazda CX-5 добива нов турбо-бензински мотор

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Mazda потврди дека новата генерација на CX-5 ќе добие нов, 2.5 литарски турбо бензински мотор.

Според објавата на Mazda, овој 2.5 литарски турбо бензинец мотор ќе продуцира 250 КС, а во понудата доаѓа со мануелен менувач. Истиот овој мотор веќе се користи кај CX-9 како и седанот 6, но за прв пат се воведува во SUV од оваа големина.

Инаку во новата Mazda која ќе располага со овој мотор, се содржани и неколку ентериерни измени, па така овој производител во новата CX-5 вгради и бројна напредна технологија, LED осветлување и слично.

Инаку досега, во однос на моторите, CX-5 беше понуден со 2,2 литарски SkyActiv-D дизелски мотор и SKyActiv-G 2.0 и SkyActiv 2.6 бензински мотор. Сите овие мотори можеа да се комбинираат со шест степен автоматски или шест степен мануелен менувач. Со ова, јапонскиот производител ја зголемува понудата на мотори и тоа со турбо бензинец.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK