Најновиот модел на Mazda, моделот CX-30 ги постави најновите стандарди во однос на безбедноста на возрасните односно возачите.
Во однос на овој параметар, CX-30 оствари рекордни 99%, што е најдобар скор и споредбено со модели од брендовите на Volvo, Lexus, Mercedes, BMW…
Во однос на безбедноста на децата, овој автомобил оствари скор од 86% додека 80% е скорот во поглед на безбедноста на пешаците. Во поглед на безбедносната асистенција, Mazda CX-30 оствари скор од 77%.
Со овој скор, CX-30 е најбезбедниот модел на јапонскиот производител.