Mazda 3 конечно претставена во јавност

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од најочекуваните автомобили на саемот во Лос Анџелес дефинитивно е новата генерација на Mazda 3.

Откако на минатогодишниот саем во Токио беше претставена концептот, на овој саем е прикажана продукциската изведба која се базира на Skyactive II платформата, а е создадена со динамичниот Кодо дизајн.

Она што е познато е и дека овој модел ќе добие нови SkyActive X бензински мотори со 187 КС и 230 Nm, а во понудата ќе се најдат и SkyActivе G бензински и SkyActive D дизелски мотор. Во однос на димензиите овој автомобил е долг 4.420 мм, шриок 1.855 мм и висок 1.375 мм што значи дека е димензионално поголем во однос на моделот од постоечката генерација.

Mazda 3

И оваа генерација ќе биде достапна во хечбек и седанска изведба. Покрај бензинскиот мотор во понудата ќе има и турбо дизелски мотор, а во однос на опремата, во овој модел ќе биде вградена најнапредната безбедносна опрема како и технологија развиена од страна на јапонскиот производител.

Mazda 3

Mazda 3 позната и под називот Axela во Јапонија и Кина, е носечки модел повеќе години во понудата на јапонскиот производител. Првата генерација е лансирана во 2003 година и во наредниоте 6 години е најпродаван модел на Mazda. Значајни промени доаѓаат со втората генерација која се појави 2009 година, а актуелната трета генерација е лансирана 2013 година.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK