Асоцијацијата на шкотски новинари за автомобилизам (Association of Scottish Motoring Writers – ASMW) го одбра Mazda 3 за автомобил на годината за 2019 година.
Новата тројка на Mazda е втор модел на јапонскиот производител кој во последните 22 години се закитува со ова големо признание во Шкотска, а покрај за автомобил на годината, овој модел е избран за најдобар во класата на семејни автомобили.
На овогодинешната церемонија наградени беа и други автомобили во други категории. Така за “најзелен” мал автомобил одбран беше Nissan Micra, а моделот LEAF e+ доби награда за најдобар автомобил на алтернативно гориво. За најдобар во категорија на премиум кросовер беше избран BMW X5, а серија 7 доби награда за најдобар луксузен автомобил.
Награди добија и Seat Tarraco, Cupra Ateca, Kia ProCeed, Kia Sportage, Volvo S60 како и Peugeot Rifter.