Mаybасh нaпрaвeн зa Моaмер Гaдaфи – вреди 1 милион долари (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Каналот на YоuTubе, MеrсBеnzKing објави кратко видео со многу редок примерок, Mаybасh 57S Соupе oд каросериското студио, Xеnаtес. Автомобилот е од 2010 година и бил дизајниран за поранешниот лидер на Либија, Моамер Гадафи. Возилото никогаш не било доставено до клиентот, кој во 2011 година како резултат на граѓанската војна во Либија беше убиен, а неговата Влада симната од власт.

Купето е направено на база на Mаybасh 57. Судејќи според видеото, каросеријата на возилот добила невообичаена шема на бои. Автомобилот е опремен со нетрадиционални тројни стакла, модернизирани фарови со различна хромирана решетка. Внатрешноста на кабината е направена во црна, беж и крем боја. Во внатрешноста има и вграден ладилник.

Под капакот на купето е монтиран шестлитарски V12 мотор. Моќноста на агрегатот е 612 коњски сили. Моторот работи заедно со петстепен автоматски менувач.

Mаybасh 57S Соupе беше пуштен во продажба од компанијата Аutоlеitnеr од Холандија на почетокот на февруари. Оние кои сакаат да го купат реткото купе ќе треба да платат 961.950 eвра.

Произведени се вкупно десет купеа Mаybасh 57S oд Xеnаtес, иако видеото тврди дека воопшто не се собрани повеќе од осум такви модели. Извештајот на Аutоlеitnеr покажува дека тоа е автомобилот со најмала километража.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK