Маск призна: „Tesla“ се неквалитетни поради големата побарувачка

ОБЈАВЕНО НА:

За никого не е тајна дека квалитетот кај некои од автомобилите на Tеslа не е на нивото кое се очекува гледајќи ја цената. Многу од клиентите на брендот покажуваат различни производствени дефекти на социјалните мрежи, како што на пример е демонтирањето на панелите, навлегување на вода во купето, крцкање на пластиката и други. Дури и самиот Елон Маск не одрекува за очигледните проблеми, откако изјави кога е најдобро да се купи Tеslа, доколку не се сака некој од горенаведените проблеми да се случува при купувањето.

Во интервју шефот на Tеslа рече дека најдобро е да се порача Tesla или на самиот почеток на производството, кога сè уште нема голема побараувачка или кога веќе побарувачката е опадната и нештата во фабриките се нормализирани. Маск го обвинува големото побарување на моделите на брендот, како фактор кој ги поставува фабриките на своите лиминит оттаму се намалува и квалитетот.

Маск споделува уште дека „Сериското производство на автомобил, не е истoто како тоа кај прототиповите, тие се забавни и подеднакво лесни за правење, додека кај сериските автомобили се бараат делови кои се сигурни, а треба да се и релативно евтини, што само по себе е целосен ужас“.

И покрај тешките задачи со кои се соочува американската компанија, таа очигледно успева да се справи некако бидејќи целта од 500.000 произведени автомобили во 2020 година е постигната иако беа достигнати 499.550 возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK