Maserati со 100.000 произведени Ghibli автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанскиот производител Maserati соопшти дека го произведе јубилејниот 100 илјадити примерок од моделот Ghibli. Овој примерок излезе од фабриката Груљаско во Торино каде и се произведува овој модел уште од 2013 година кога беше претставена третата генерација на овој модел на Maserati.

Јубилејниот примерок е од верзијата S Q4 GranSport во Blu Emozione боја. Располaга со 3.0 литарски V6 мотор кој продуцира 430 КС. Според техничките карактеристики до 100-тка забрзува за 4.7 секунди додека пак максималната брзина која ја постигнува изнесува 286 км/ч.

За потсетување, моделот од актуелната генерација за прв пат започна да се произведува во 2013 година, а за дизајнот е задолжен Марко Тенцоне. Според новиот стратешки развоен план во наредната година FCA треба да го претстави подновениот модел на Ghibli.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK