Maserati се „разведува“ од Ferrari

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Maserati одлучи да тргне по свој пат и после години соработка со Ferrari да се раздели. Досега плодот на нивната соработка можеше да се види под хаубата за моторот. Славната италијанска компанија имала и подобри денови, но сега би можела да биде егзистенцијално загрозена. Имено, моделите на Maserati многумина ги сакаат и поради тоа што под хаубата го имаат моторот на Ferrari.

Соработката се доближува до крајот, а тоа значи дека моделите на Maserati повеќе нема да имаат 3.0 V6 и 3.8 V8 мотори. Како што јавува Automotive News Europe, Maserati ќе понуди свои мотори.

И тоа не би било ништо страшно доколку од игра не е исфрлен концептот V8 мотор. Се работи за развој оди во правец на 3.0 V6 моторот и 2.0 со четири цилиндри. Со тоа ќе се намали емисијата на штетни гасови, како и потрошувачката на гориво. Ова веројатно не му е важно на ниту еден сопственик на Maserati.

Затоа новите модели и тоа GranCabrio, GranTurismo и новите СУВ ќе имаат 3.0 V6 силен преку 520 коњски сили. Истиот извор ќе добие и следниот MC20 со централно поставен мотор. Секако, се предвидува и електрифицирана верзија, а од техничка страна е познато дека ќе ја користи технологијата Turbulent Jet Ignition од Формула 1, која во болидите овозможува кревање на ефикасноста на моторот за неверојатни 50%. Се работи за состав на согорување со склоп на преткомора со вбризгување на мала количина на гориво.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK